Top Sport

Левандовски најдобар играч во Бундеслигата во 21 век

Репрезентативецот на Полска, Роберт Левандовски е најдобриот фудбалер на Бунеслигата во 21 век, по избор на специјализираиот фудбалски портал „Goal.com“.

Порталот објави листа на 25 најдобри играчи од елитното ниво на германскиот фудбал кои играле во овој милениум. Меѓу првите десет, деветмина настапувале за Баерн Минхен. Овој податок е реален бидејчи Баварците во овој период освоија дури 17 шампионски титули.

Левандовски најпрвин играше за Борусија Дортмунд каде постигна 103 гола, а потоа се пресели во Баерн каде постигна 344 гола на 375 натпревари пред да ја продолжи кариерата во Барселона.

Томас Милер е втор на оваа листа, а потоа следат Франк Рибери, Мануел Нојер, Филип Лам, Бастијан Швајнштајгер, Марко Ројс, Ариен Робен, Михаел Балак и Дејвид Алаба.

Меѓу сите нив, само Марко Ројс никогаш не играл Баерн, кариерата ја изград во Борусија Дортмунд и во истоимениот клуб од Мехенгладбах.

Scroll to Top