Top Sport

(Видео) Барселона се сопна во Сан Себастијан

Фудбалерите на Реал Сосиедад ја победија Барселона со 1:0 во последниот натпревар од 13. коло во Примера. Ова е трет пораз за Барселона сезона, втор во Примера и воедно прв натпревар на кој Барселона од почетокот на сезоната не успеа да постигне гол.

Херој на тимот од Сан Себастијан беше Жралдо Бекер, кој во 33. минута го совлада Игнасио Пења.

Бекер ја искористи грешката на Пау Кубарси, кој беше под знак прашалник по повредата против Црвена звезда.

Кубарси направи лоша проценка, не успеа да го испрати Бекер кој влезе од втор план и со удар од прва ја смести топката во голот.

Барса постигна гол уште во раната фаза од натпреварот, погоди Роберт Левандовски, но тој гол беше поништен поради офсајд.

Сосиедад одигра извореден натпревар, не и дозволи на Барселона ниту една чиста шанса за гол.

Ханси Флик не можеше да смета на Ламин Јамал, кој се здоби со повреда на скочниот зглоб на натпреварот со Црвена звезда во Белград.

Барселона и покрај поразот ќе остане на првото место со 33 бода. Сосиедад е осми со 18 бодови.

Scroll to Top