Top Sport

Холмгрен ја скрши карлицата

Оклахома изминатата ноќ загуби од Голден стејт Вориорс со 116:127 и остана без центарот Чет Холмгрен. Младиот центар доживеа пех и тешка повреда откако ја скрши карлицата и ќе отсуствува неколку месеци.

Оклахома дополнително ќе објави колкава пауза го очекува Холмгрен бидејќи му е потребна и хируршка интервенција.

Центарот на Оклахома извонредно ја започна сезоната, во првите 10 натпревари има просек од 18,2 поени, 9,2 скока и 2,9 блокади. Со 26 „банани“ тој е вториот блокер во НБА зад Вембањама. Холмгрен ја пропушти и првата НБА сезона поради повреда, а прашање е кога ќе се врати на паркетот.

Оклахома на центарската позиција е само Исак Хартенштајн кој нема играно од стартот на сезоната поради скршеница на левата рака.

Scroll to Top