Top Sport

Парагвајците воведоа „анти Меси“ правило пред дуелот со Аргентина

За дуелот помеѓу репрезентацијата на Парагвај и Аргентина за навивачите ќе важат некои нови правила.

Парагвај во четврток ќе ја пречека Аргентина, во дуелот од 11. коло од квалификациите за СП 2026 година. Иако натпреварите меѓу Парагвај и Аргентина историски не се од оние што носат инциденти од секаков вид, домаќините решија нивната репрезентација да има максимална поддршка.

„Секој што носи дрес со името на Лионел Меси нема да може да влезе на стадионот“, јасно порача спортскиот директор на Парагвајскиот фудбалски сојуз, Фернандо Виласбоа.

„Навивачите кои доаѓаат во дресовите на Аргентина, Барселона или Интер Мајами, или кој било дрес со името на Меси, нема да смеат да влезат на стадионот“, рече Виласбоа.

„Никој нема да смее да го носи дресот на Аргентина, аргентинските клубови или дресови со имиња на играчи од други земји. Сакаме да го исполниме стадионот со парагвајски навивачи за играчите да ја видат и почувствуваат поддршката од трибините. Сите сме дел од истата игра, секој на свој начин“, додаде тој.

ФС Парагвај додава дека дополнителна причина за правилото „анти-Меси“ е безбедноста во и околу стадионот.

Непишаното правило „анти-Меси“ не е голема вест. Пред дуелот со Бразил важеше правилото „анти-Винисиус“.

Тогаш на навивачите им беше забрането да доаѓаат облечени во Бразил, Реал Мадрид и какви било дресови со името на Винисиус.

Аргентина е прва на табелата со 22 бода, три повеќе од Колумбија. Парагвај е на шестото место.

Scroll to Top