Top Sport

Родри: Мене Винисиус не би ми бил ни втор во изборот за „Златна топка“

Родри, играчот за врска на Манчестер сити, неодамна ја доби најпрестижната индивидуална награда во фудбалот „Златна топка“ во изборот на магазинотот „Франс фудбал“.

Неговиот избор предизвика големи контроверзии, бидејќи многумина мислеа дека наградата ја заслужил играчот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, кој беше втор во гласањето на новинарите.

Познато е дека Винисиус и Реал ја бојкотираа церемонијата на доделувањето на наградите, а Родри го искоментира таквото однесување.

„Бев малку во неверување кога на доделувањето на трофејот половина од салата скандираше „Винисиус, Винисиус“. Како и да е, имаше голема почит кон мене од публиката бидејќи тие станаа и ми аплаудираа на крајот. Оваа награда е за константноста, тоа е најтешкото нешто во фудбалот . Дали јас ја заслужив? Во 2023 мислев дека можам да ја освојам откако имав сјајна сезона со Сити, а оваа година мислам дека бев уште подобар“, изјави Родри за „El Partidazo de COPE“.

Не крие дека наградата многу му значи.

„Сето тоа малку ти го менува животот, имаш период пред и потоа. Ми честитаа многумина, најмногу ме возбуди честитката на Андрес Иниеста, кој исто така требаше да добие награда бидејќи беше најдобар фудбалер во историјата на нашата земја“, додаде Родри.

Секако, не ја заобиколи критичната точка во целата приказна, Винисиус и Реал. Неговата изјава малк е провокативна.

„Јас би го избрал Дани Карвахал како втор, а Винисиус би бил трет!“

Не беше премногу возбуден што Винисиус и Реал решија да ја бојкотираат церемонијата.

Scroll to Top