Top Sport

Барселона мора да собере 50 милиони евра, во спротивно Олмо нема да има право на настап

Финансиката ситуација во Барселона продолжува да биде тема која се врти низ шпанските медиуми. Дел од нив тврдат дека клубот оди кон стабилизација, додека поголем е делот на оние кои наведуваат дека ќе биде потребна поголема сума за да може клубот да функционира според планираното до крајот на сезоната. Тука во приказната влегува Дани Олмо.

Поранешниот играч на Динамо и Лајпциг во летниот преоден рок пристигна во Барселона од Лајпциг во трансфер вреден 55 милиони евра, кој зголемен со бонусите ќе ја пробие границата од 60 милиони.

Поради правилата за регистрација на играчи, Барселона би можела да искористи 80 отсто од издвоената сума за платите на повредените Роналд Араухо и Андреас Кристенсен за регистрација на Олмо и Пау Виктор.

Додека Араухо и Кристенсен се рехабилитираат од повредите, Барса мора да собере пари за Олмо и Виктор да може да ги регистрира за вториот дел од сезоната.

За да можат овие двјца да бидат регистрирани и по 31.декември Барселона ќе мора да најде 50 милиони евра.

Договорот со „Најки“ би требало да помогне доколку наскоро се имплементира. Според него, Барселона ќе добие бонус од 100 милиони евра за продолжување на договорот, а во просек 125 милиони евра годишно до 2038.

Да потсетиме дека Олмо го пропушти почетокот на сезоната бидејќи Барселона немаше пари да го регистрира, односно не можеше да го испочитува финансискиот фер-плеј. Повредата на Кристенсен и овозможи на Барселона да го пријави Олмо за настап во Примера и Лигата на шампионите.

Scroll to Top