Top Sport

Раниери се врати во Рома

Клаудио Раниери по трет пат во кариерата ќе ја предводи Рома.

Искусниот 73-годишен стручњак практично излегува од пензија и се врача да го „гаси“ пожарот во Рома, бидејќи тимот лошо ја започна сезоната и се наоѓа на 13. место на табелата во Серија А.

Раниери имаше напорен ден во средата, прво пристигна во Лондон на разговори со сопственикот Ден Фридкин, а потоа вечерта замина за Рим, каде на аеродромот го пречека поголема група новинари и навивачи на Рома.

Раниери рече дека ја прифатил понудата откако сопствениците му кажале дека го чека „тешка работа“.

Раниери прифатл да го води тимот до крајот на оваа сезона, по што се очекува од следната сезона да се пресели во бордот на директори на клубот.

Раниери е познат како голем навивач на Рома.

Тој претходно го водеше тимот од септември 2009 година до февруари 2011 година, пред да се врати во март 2019 година како в.д. менаџер до крајот на сезоната.

Сега повторно ја има истата задача во годината кога за само 12 месеци ќе стане четврти тренер на тимот.

Пред него во 2024 година, Рома беше предводена од Жозе Мурињо, Даниеле де Роси и Иван Јуриќ.

Scroll to Top