Top Sport

(Видео) „Тешка но заслужена победа над Летонија“

Фото/ ffm.mk

Фудбалската репрезентација на Македонија го потврди пласманот во Б-дивизијата во Лигата на нации. Во претпоследното коло, во Ц-дивизијата во групата 4, Македонија ја победи Летонија со 1:0.

Никола Серафимов го постигна единствениот гол на натпреварот во 57.минута. Избраниците на Благоја Милевски ја продолжија успешната серија, по ремито кај Фарските Острови во првото коло, забележаа четири победи без примен гол.

“Им честитам на фудбалерите за трпението и решителноста, стигнавме до тешка, но сепак заслужена победа. Ја остваривме најважната цел, а тоа е пласман во Б дивизијата. Знаев дека ова ќе биде поразличен натпревар од тој во Рига, но стигнавме до победата, иако можеби требаше да постигнеме уште некој гол, за порано да ја потврдиме. Тешко е напаѓачите да дојдат до израз кога играте против екипа со толку густа одбрана, рече селекторот Милевски.

Во недела (15 часот), во последното коло, во Скопје ќе гостува репрезентацијата на Фарските Острови.

Scroll to Top