Top Sport

Просинечки: Катастрофа, ќе видиме што и како понатаму

Избраниците на Роберт Просинечки, фудбалерите на Црна Гора, не успеаја да стигнат до позитивен резултат ниту во петтото коло од Б дивизијата на Лигата на нации. По Исланд, Велс, Турција, и Исланд Црногорците во Никшиќ со 2:0 загубија од Исланд.

Јасно е дека Црна Гора во следниот циклус во Лигата на нации ќе игра во Ц дивизијата. Селекторот Просинечки по натпреварот не го криеше разочарувањето во разговор со новинарите.

„Катастрофа сигурно, ова е веќе седми пораз во низа. Примивме два евтини гола, но тие се физички добра екипа. Не ги искористивме шансите, тешко беше да се вратиме потоа. Не го направивме тоа што требаше, дури и доминиравме во еден период, но тоа не беше доволно“, изјави селекторот Роберт Просинечки и продолжи:

„Ќе разговарам со претседателот Савиќевиќ по мечот со Турција, па ќе видиме што и како понатаму. Што се однесува до пресметката со Турција, прашање е колку ќе можеме да се вратиме и да се мотивираме по поразот од Исланд“.

Натпреварот меѓу Црна Гора и Турција е закажан за 19 ноември со почеток во 20:45 часот во Никшиќ.

Scroll to Top