Откако Кетрин Мајогра објави дека Кристијано Роналдо ја силивал во Лас Вегас во 2009 година и дека нејзиниот молк го платил со 375.000 долари, на повидок е уште една афера кој може сериозно да ја загрози кариерата на Португалецот.
„Дејли мејл“, пишува дека постојат наводи, дека Кристијано Роналдо, бил вмешан во уште еден случај на силување.
Весникот ги пренесуваат зборовите на Лесли Стовал, инаку адвокат, на неименуваната жртва, дека неговата клиентка ќе поднесе тужба против Португалецот, како што тоа веќе го направи Мајогра.
Адвокатот рекол дека сите детали и биле пренесени на полицијата во Лас Вегас, која сега треба да отвори постапка.
Инаку денес Кристијано Роналдо доби поддршка и од премиерот на Португалија.
„Луѓето мора да разберат дека постои презумција на невиност, не е доволно само да обвините некого“, рекол португалскиот премиер.
Изминатите денови Роналдо доби поддршка од неговиот клуб Јувентус и од селекторот на фудбалската репрезентација на Портгалија, Фернандо Сантош.