Top Sport

Монако го отпушти Саша Обрадовиќ

Саша обрадовиќ повеќе не е тренер на кошаркарскиот клуб Монако.

Во претходното двојно коло од Евролигата, Монако претрпе пораз од Црвена звезда на домашен терен, а потоа убедливо победи во Виторија кај Басконија, но во неделата неочекувано потфрли во француското првенство против Ле Ман.

Обрадовиќ ја започна сезоната со Монако во Евролигата со 6-4, а се уште не се знае кој ќе го замени српскиот тренер.

Ова беше втор мандат на Обрадовиќ на клупата на Монако, бидејќи го водеше тимот од Кнежевството од 2019 до 2020 година.

Потоа ја презеде Црвена звезда во сезоната 2020/2021, но беше отпуштен во декември 2020 година, а подоцна се врати во Монако на крајот на 2021 година.

Во сезоната 2022/23, Обрадовиќ ги одведе кошаркарите на Монако на завршниот турнир во Евролигата. Таму го освоија третото место, откако ја победија Барселона во „малото финале“.

Од почетокот на сезоната Монако имаше проблеми со повредени играчи, пред се Ник Калатес и Фуркан Коркмаз, а се повреди и најдобриот играч Мајк Џејмс, во меѓувреме во клубот се врати Џордан Лојд.

Scroll to Top