Top Sport

Габриел Жезус незадоволен поради изборот на пеналџија во натпреварот против Ливерпул

Напаѓачот на Манчесер Сити, Габриел Жезус изјавил дека е незадоволен поради тоа што менаџерот Пеп Гвардиола го спречил да ја преземе клучната улога во изведувањето на пеналот за Манчестер Сити во натпреварот против Ливерпул, кој заврши нерешено (0:0).

Тренерот на Сити потоа му се извинил на бразилскиот напаѓач, откако претходно за време на натпреварот му нареди на крилниот напаѓач Ријад Марез да го изведе пеналот, кој тој го промаши.

Дваесет и едногодишниот Жезус се наоѓа во слаба форма од завршувањето на Светското првенство, но инсистира на тоа дека е подготвен да изведува пенали.

“Очигледно, не сум толку задоволен од ситуацијата. Како и Ријад, и јас вежбав пенали. Би сакал да можев да го изведам и бев убеден дека ќе го направам тоа, па потоа бев незадоволен поради тоа што не ми дозволија. Но, важно беше што не го загубивме натпреварот и Пеп разговараше со мене.“ изјави Жезус.

“Ова е дел од фудбалот и понекогаш овие работи се случуваат. Ќе го поддржам Ријад доколку менаџерот повторно реши тој да изведе пенал.“ додал бразилскиот репрезентативец од редовите на Сити.

Scroll to Top