Top Sport

Роџерс го продолжи договорот со Астон Вила

Фудбалерот на Астон Вила, Морган Роџерс го продолжи договорот на уште шест години, до летото 2030 година, соопшти клубот од Бирмингем.

Роџерс во јануари од Мидлсброу се пресели во Астон Вила за осум милиони фунти и оттогаш е еден од најважните играчи во тимот на Унаи Емери.

Тој и помогна на Астон Вила да се квалификува во Лигата на шампионите, која ја започна со три последователни победи. По четири рунди Вила има 10 поени.

Минатата недела првпат беше повикан во репрезентацијата на Англија и во Лигата на нации играше против Грција и Ирска. Оваа сезона за Астон Вила постигна три гола и имаше три асистенции.

Scroll to Top