Top Sport

Мекгрегор со модро око и виски во раката порача: Ја загубивме битката, но војната продолжува

Реакциите на најспектакуларната, најконтроверзната и најочекуваната ММА пресметка не престануваат.

Хабиб Нурмагомедов го „смачка“ Конор Мекгрегор во четири рунди, но епизодата потоа, односно хаосот со тепачката во публиката предизвика поголемо внимание. Околу работите во рингот, беше јасно – Хабиб беше доминантен против Мекгрегор, и сите би сакале да видат ри-меч. Со малку подобро подготвен Мекгрегор.

Ирецот не се појави на прес-конференцијата по мечот, и денеска преку Инстаграм најави дека ништо не готово. Со модринки на лицето на фотографијата на Инстаграм, Мекгрегор беше јасен: „Ја загубивме битката, но војната продолжува“.

И покрај првичните коментари дека нема да има ри-меч и заканите на претседателот на УФЦ дека Хабиб ќе ја загуби титулата поради хаосот, речиси сигурно зад кулисите има преговори за нов меч, уште побогат.

 

View this post on Instagram

 

We lost the match but won the battle. The war goes on.

A post shared by Conor McGregor Official (@thenotoriousmma) on

Scroll to Top