Top Sport

Леброн Џејмс ги напушти социјалните мрежи

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс објави дека ги напушта социјалните мрежи до понатамошно известување, откако сподели објава во која зборува за негативното покривање на американските медиуми за кошарката.

Џејмс, кој има 212 милиони следбеници на „Инстаграм“ и на „X“ (поранешен Твитер), ја донесе оваа одлука откако сподели објава на Рич Клајман, долгогодишниот менаџер на НБА ѕвездата Кевин Дурент.

„Со оглед на количината на омраза и негативност во светот денес, ме збунува зошто некои од националните спортски медиуми сè уште мислат дека најдобриот начин за покривање на спортот е од негативен агол. Мене ми изгледа сосема бесмислено да одговорам на сето тоа“, напиша Клајман на „X“.

На таа објава реагираше и Џејмс кој напиша „Амин“! Тогаш 39-годишниот кошаркар додаде дека веднаш ги напушта социјалните мрежи.

Џејмс, кој стана првиот кошаркар со над 40.000 поени во НБА, и претходно ги напуштал социјалните мрежи најмногу за да се концентрира на спортот.

Scroll to Top