Top Sport

Сити подготви нов договор за Јошко Гвардиол

Репрезентативецот на Хрватска Јошко Гвардиол е во преговори за нов договор со Манчестер сити само 15 месеци по потпишувањето на актуелниот. Тој треба да добие покачување од 30 илјади фунти неделно.

Дефанзивецот одлично ја започна актуелната клупска сезона со Сити, иако англискиот шампион е во резултатска криза.

Хрватскиот дефанзивец потпиша петгодишен договор кога пристигна на „Етихад“ во трансфер вреден 70 милиони фунти. Кога од Лајпциг се пресели во синиот дел на Манчестер, Гвардиола доби неделна плата од 120 илјади фунти.

Сити планира да го врзе со договор до 2030 година и му нуди 150 илјади фунти.

Со новиот договор клубот планира да го задржи до крајот на деценијата и да се погрижи да остане клучен член на тимот.

Scroll to Top