Top Sport

(Видео) Челси победи во Лестер

Фудбалерите на Челси забележаа победа на „Кинг Пауер“ против Лестер (2:1) во 12.коло во Премиер лигата.

Со оваа победа Челзи ја продолжи трката за титулата во англискиот шампионат. На третото место е со 22 бода, еден помалку од Манчестер сити и шест помалку од Ливерпул, но и со натпревар повеќе од овие ривали.

Од друга страна, Лестер е на 16. позиција во Премиер лигата со 10 бодови. Ова за „лисиците“ беше шести пораз оваа сезона.

Челзи многу подобро влезе во натпреварот и успеа да поведе во 15. минута, откако Николас Џексон успеа да го матира Мадс Хермансен по асистенција на Енцо Фернандез.

Челзи имаше иницијатива, напаѓаше постојано. Нони Мадуеке во 32. минута успеа да постигне уште еден гол, но неговиот гол беше поништен поради офсајд, па немаше промена на семафорот.

Гостите од Лондон ја продолжија офанзивата и во вториот дел. Во 54. минута ја имаа најдобрата шанса да го удвојат водството, но ударот на Кол Палмер, кој имаше зицер, го блокираше неговиот соиграч Нони Мадуеке на гол-линијата.

Сепак, „сините“ успеаја да го удвојат водството во 75. минута по ударот на Николас Џексон, кој голманот го одбрани и потоа со глава Енцо Фернандез ја упати топката во мрежата за 2:0.

Лестер нападна во завршницата, а по невнимателен старт од страна на еден од дефанзивците на Челзи, судијата по реакцијата од ВАР собата покажа на белата точка.

Ају ја презеде одговорноста и погоди за 2:1. Сепак, остана малку време за Лестер да дојде до бод.

Scroll to Top