Top Sport

Аморим: Нè очекува долг период на страдање

Натпреварот со Ипсвич (1:1) покажа дека новиот тренер на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим го чека макотрпна работа.

Рубен Аморим не ја започна својата авантура во Манчестер јунајтед како што посакуваше. „Црвените ѓаволи“ во Ипсвич одиграа нерешено (1:1). Новиот тренер на Јунајтед имаше многу поплаки за перформансите на неговиот тим.

Аморим не криеше дека ситуацијата во клубот не е сјајна, и дека имаат уште многу работа да се вратата на вистинскиот пат.

„Знам дека е фрустрирачки за навивачите, но ние менуваме многу работи во моментов, со толку многу натпревари. Имаме долг период на страдање и обиди да победиме, ќе биде потребно време. Можевме да победиме против Ипсвич, но можевме и да загубиме да не беше Онана. Мораме да размислуваме и да бидеме прагматични за фактот дека овие момци имаа само два дена за тренинг, а треба да смениме толку многу работи“, рече Португалецот и додаде:

„Ова е лига која бара многу, тоа ви станува јасно веднаш што ќе дојдете овде. Моите играчи толку многу размислуваа за играта, што можеше да се почувствува. Не само кога ја имаа топката туку цело време размислуваа каде треба да бидат. И тоа е толку тешко кога имате само два дена да го тренирате тимот“.

Јунајтед е на 12. место со 16 бодови по 12 одиграни натпревари.

Scroll to Top