Top Sport

Салах: Ливерпул ме разочара, се поблиску сум до заминување

Мохамед Салах блеска оваа сезона во дресот на Ливерпул. Со два гола беше најзаслужниот за победата на својот тим од 3:2 против Саутемптон, со која „црвените“ стекнаа осум поени предност во однос на најблискиот пратител на табелата, Манчестер сити.

Салах има договоро со Ливерпул до крајот на сезоната. Не крие дека е разочаран од она што сега се случува. Досега клубот не ги започнал преговорите околу новиот договор.

„Речиси е декември, а се уште не сум добил понуда да останам во клубот. Во моментов сум поблиску до заминување отколку да останам. Во клубот сум со години. Нема друг клуб како Ливерпул. Но, на крајот на денот, ништо не е во мои раце. Ги сакам навивачите, и тие ме сакаат мене, но на крајот не одлучуваме ниту јас, ниту навивачите“, изјави Салах.

Запрашан дали е разочаран од раководството на клубот, популарниот Мо беше јасен.

„Нормално. Нема наскоро да се пензионирам, па само тренирам и играм. Фокусиран сум на сезоната, сакаме да ја освоиме Премиер лигата и се надевам и Лигата на шампионите. Разочаран сум, но ќе видиме што ќе се случи“.

Scroll to Top