Top Sport

Естетски хирург го тужи Роналдо за 48.000 евра

Еден од најдобрите фудбалери во историјата, играчот на Ал Наср Кристијано Роналдо добил тужба од британскиот естетски хирург д-р Рошан Равиндран, познат и како доктор Рош, за наводно неплатена сметка од 48.000 евра.

Рош тврди дека поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед должи за третмани за време на неговиот престој на „Олд Трафорд“ во 2021 и 2022 година, пишува „Сан“.

Поранешниот кардиолог, кој е специјализиран за ботокс и филери, нега на кожа и подигнување на веѓите, забележува во тужбата дека вршел третмани за Роналдо, членовите на неговото семејство и придружбата во неговата клиника во Чешир.

Британските таблоиди повеќе ги интересираше дали и сопругата на Роналдо, Џорџина Родригез е негова пациентка.

„Судската постапка е во тек и како професионалец не можам да зборувам за моите пациенти“, изјавил докторот за „Сан“.

Пријател на хирургот на читателите им го доближи ликот и делата на д-р Рош.

„Тој е многу почитуван експерт во светот на личности од висок профил, вклучувајќи врвни политичари, членови на кралското семејство, спортисти и холивудски ѕвезди. Кога станува збор за третмани како ботокс и филери, тој несомнено е „број еден“. Неговата клиентела ја цени апсолутната дискреција и супериорните третмани“.

Scroll to Top