Top Sport

Гвардиола: Ви гарантирам дека брзо ќе се извлечеме од оваа криза

Петте порази на Манчестер сити во низа во сите натпреварувања е нешто со што за прв пат во кариерата се соочува менаџерот Пеп Гвардиола. Шпанецот пред вечерашниот дуел со Феенорд во петтото коло од Лигата на шампионите изјави дека верува во подобри денови.

Последниот неуспех „граѓаните“ го претрпеа на натпреварот со Тотенхем. Во саботата на „Етихад“, Тотенхем победи со 4:0.

„Кога започна нашата негативна серија, на сите им кажав дека моја должност и работа е да најдам излез од се. Очигледно е дека сè уште не сум го нашол вистинскиот пат и сè уште го барам. Морам да кажам дека никогаш повеќе не сум имал верба во овој тим. Ќе се справиме брзо, гарантирам. Засилувања во текот на зимата? Кога мојот тим е заедно, без повреди, тогаш апсолутно ништо не му недостига“, изјави Гвардиола.

Голем проблем беше повредата на Родри, официјално најдобриот фудбалер на светот, без кој тимот го нема потребниот биланс на средината на теренот.

„Тешко е да се справиш со фактот дека треба да играш без Родриго, кој беше прогласен за најдобар во светот. Имавме и други повреди, а сега Ковачиќ и Рубен Диас се надвор од терените. Јасно е дека не сме во конфорната зона, но знам дека наскоро ќе дојде фазата кога повторно ќе победуваме“, оптимист е шпанскиот стручњак.

Сити заостанува осум бода зад лидерот Ливерпул во Премиер лигата на кого ќе му гостува во недела. Што се однесува до Лигата на шампионите, тие имаат седум бода од четири кола и се чини дека доаѓањето на Феенорд е идеална можност за прекин на лошата серија.

Scroll to Top