Top Sport

Викарио со скршеница на ногата бранел против Манчестер сити

Голманот на Тотенхем, Гуљелмо Викаро, скрши коска на зглобот на дерби натпреварот против Манчестер сити во Премиер лигата. Во саботата, Тотенхем во Манчестер го декласира Сити со 4:0.

Италијанскиот репрезентативец, во вторникот, бил успешно опериран во Англија.

Викарио против Сити се повреди по сударот со Савињо, но и во таква состојба остана на теренот до крајот на мечот и му помогна на тимот да оствари значајна победа.

„Скршив коска на ногата на натпреварот со Манчестер сити, но останав на теренот до крајот. Направив се што можев за да му помогнам на тимот. Ситуацијата е таква што морав да одам на операција, која беше успешна, а од утре ќе го започнам процесот на рехабилитација. Благодарам на сите за поддршката, особено на навивачите на Тотенхем и се надевам дека ќе се вратам уште посилен“, напиша Италијанецот на социјалните мрежи.

Викаро пристигна во Тотенхем во јули минатата година од Емполи и оттогаш одигра 55 натпревари за англискиот клуб. Додека не се врати Викарио на голот на Тотенхем ќе биде ветеранот Фрејзер Фостер, кој бранеше оваа сезона на натпреварите против АЗ Алкмар и Галатасарај, како и во Лига купот против Ковентри.

Scroll to Top