Top Sport

(Видео) Гвардиола: Мораме да му помогнеме на Гвардиол

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, го живее најтешкиот период во кариерата на „Етихад“.

За првпат во кариерата врза пет порази, а синоќа против Феенорд, во последните 15 минути неговиот тим испушти предност од 3:0, па освои само бод (3:3).

По овој колапс кој никому не му се случил во историјата Лигата на шампионите, Гвардиола ги искажа своите впечатоци.

„Изгубивме многу натпревари во последно време, ранливи сме, ни треба победа. Натпреварот беше добар за самодоверба, одигравме на добро ниво и тогаш… Имаме проблеми. Не морам ништо да им кажам на играчите. Тешко е да се проголта ова. Можевме повеќе, подобро. Не бевме доволно стабилни на крајот”.

Јошко Гвардиол одигра лош натпревар, им подари гол на гостите, а потоа лошо реагираше кога Феенорд намали на 2:3. Сето ова му се случи во рок од седум минути.

„Тој е млад, ќе учи. Ова е добро искуство за него. Тој беше најдобриот играч на теренот. Ќе згрешам ако посочам конкретен став во нашиот пораз. Тој е млад, ќе научи. Тој е фантастичен играч, сега повеќе од кога било треба да му се помогне“, истакна тој.

За прв пат во својата кариера, во својот 942. натпревар, Гвардиола виде дека неговиот тим не успеа да победи откако имаше три гола предност.

Сити викендов гостува кај Ливерпул во дербито на Премиер лигата, по што следуваат средбите со Нотингем Форест и Кристал Палас, а потоа и мечот во Торино против Јувентус во Лигата на шампионите.

Scroll to Top