Top Sport

Ферстапен: Во Мекларен ќе ја освоев титулата многу порано

Макс Ферстапен, четирикратниот шампион во Формула 1, за време на прославата на титулата изјави дека многу побрзо и полесно би ја освоил шампионската титула во болидот на Мекларен.

Титулата ја обезбеди на две трки пред крајот, по трката во Лас Вегас, во период во кој побрзите конкуренти од Мекларен и Ферари ја ставија во прашање превласта на Ред Бул.

„Многу сум горд. Во 70 проценти од сезоната го немавме најбрзиот болид, па дури успеавме да ја зголемиме предноста во однос на нашите ривали“, изјави Макс за „Скај Спортс“.

„Ваквите работи само повеќе ме мотивираат. Луѓето постојано ги предизвикуваат моите достигнувања и постојано слушам приказни дека можам да победам само во најбрзиот болид, но јас го докажав спротивното. Ако сега не ме препознаат, не знам кога ќе ме препознаат. Дали би ја освоил титулата со Мекларен? Апсолутно, и многу порано“.

Ова беше четврта последователна титула за Ферстапен. Досега победи на осум трки, но во последните 12 трки има само една победа.

Scroll to Top