Top Sport

Сок ја освои првата Мастерс титула во кариерата

Џек Сок ја освои титулата на Мастерсот во Париз. Американецот во финалето ја совлада српската сензација Филип Крајиновиќ со 5:7, 6:4, 6:1. Со овој триумф Сок обезбеди настап на завршниот Мастерс во сезоната.

Сок го забележа најголемиот успех во кариерата ја освои првата титулата на турнирите од Мастерс серијата и од понеделник прв ќе биде дел од Топ 10 на АТП листата.

Српскиот тенисер не успеа со титулата да ја заокружи извонредната недела во Париз, на турнирот влезе преку квалификациите, а потклекна дури во завршниот меч. Крајиновиќ од утре ќе биде 33 на АТП листата.

Србинот го доби првиот меч во финалето, откако најпрвин ја испушти брејк предноста во осмиот гем, но успеа да направи уште еден во моментот кога ривалот сервираше за 6:6 и тајбрејк.

Загубениот прв сет не ја поремети играта на Сок кој во првиот гем на првиот сет успеа да му го одземе сервисот на пртоивникот, потоа направи уште еден брејк и стигна до предност 4:1. Крајиновиќ потоа врати еден брејк но Сок го доби сетот 6:4 и израмни на 1:1.

Третиот сет се одвиваше по исто сценарио како и вториот. Брејк на стартот за Сок, потоа и уште еден кога целосно се распадна играта на Крајиновиќ, а Американецот стигна до најголемата титула во кариерата.

Scroll to Top