Top Sport

Сити не го дава врвот, паднаа и „топчиите“

Манчестер сити се одвои на осум поени од своите градски ривали Манчестер сити на врвот во Премиер лигата, откако со 3:1 го совладаа Арсенал на „Етихад“, продолжувајќи ја неверојатната победничка низа и во Англија и на континентот.

Целосно доминирајќи во играта и создавајќи одлични шанси за гол, тимот на Арсен Венгер на крајот треба да биде задоволен што не си замина за Лондон со полна мрежа.

Мечот започна со посебна церемонија посветена на Серхио Агуеро, во кој тој го доби признанието за своите 178 гола за Сити, од внуката на стариот рекордер Ерик Брукс, Бети Каугил.

Кевин де Брујн најдобро се снајде во 19. минута за да донесе водство за домаќините, а до крајот на полувремето, „Сините“ не искористија неколку шанси. Серхио Агуеро со своите златни копачки успеа да го продолжи рекордот по бројот на голови за Сити со уште еден гол од пенал во 50. минута, но Александер Лаказет осигура финишот да не помине без „тресење“ за Пеп Гвардиола.

Сепак, во 74. минута Габриел Жесус од очигледен офсајд го постави конечниот резултат на мечот.

Сити остануваат први во Премиер лигата со 31 поен (10 победи и 1 реми во 11 натпревари), пред Јунајтед и Тотенхем со 23, додека Аренал по четвртиот пораз оваа сезона е далеку на шестото место со дури 12 поени помалку од „Сините“.

Scroll to Top