Рускиот репрезентативец, инаку фудбалер на Зенит, Александар Кокорин е обвинет за напад врс висок функционер во една кафеана во Москва. Во инцидентот бил вклучен и играчот на Краснодар, Павел Мамаев. Поради овој инцидент двајцата се соочуваат со затворски казни.
Кокорин перидот предвиден за репрезентативните натпервари го искористил за да дојде во Москва. Со својот добар пријател Мамаев бил во една кафеана во Москва, каде што на политички теми започнал расправија со висок функционер, чие име не е откриено.
Во еден момент Кокорин збеснал и го нападнал функционерот кој седел блиску до него и Мамаев. Според руските медиуми, Кокорин со столица го удрил функционерот, а Мамаев му задал неколку удари.
Инцидентот бил забележан од безбедносните камери.
Полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот и внимателно ќе го истражува инцидентот.
Наводно, Кокорин би можел да добие пет годишна затворска казна, бидејќи во Русија не се „гледа низ прсти“ кога се напаѓаат функционери.
Спред персоналот фудбалерите биле под дејство на алкохол.
Football players from Russia Kokorin and Mamaev beat visitors to the cafe. pic.twitter.com/2FeOWm6uVi
— GoalTV (@GoalTV17) October 8, 2018