Top Sport

Погба не е во плановите на Јувентус

Генералниот менаџер на Јувентус, Фабио Паратичи, ја исклучил можноста Пол Погба да се врати во клубот. Погба наводно сака да го напушти Манчестер јунајтед и не би имал ништо против да се врати во Јувентус, но од Торино ги отфрлија овие наводи.

„Многу го сакаме Погба, имаме некаква врска со него, но никогаш не сме размислувале да го вратиме. Воопшто не е во нашите планови“, рекол Паратичи и дополнил.

„Сергеј Милинковиќ-Савиќ? Извонреден фудбалер, но јас ви гарантирам дека немаше никакви преговори, ниту со него, ниту со неговиот тим“.

Потоа тој проговорил и за Кристијано Роналдо.

„Кристијано е најдобриот играч во историјата на фудбалот, очигледно е дека многу работи се сменија во Мадрид по неговото заминување. Тој е голем професионалец и сега ја има нашата целосна поддршка“, порачал Паратичи.

Scroll to Top