Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман е еден од 30 номинирани фудбалери за престижната Златна топка на „Франс фудбал“. Францускиот репрезентативец има јасен став околу тоа кој треба да биде лауреатот.
„Што и да се случи, оваа година наградата мора да ја освои француски фудбалер“, истакнал Гризман. Со оваа своја изјава тој сака да го потсети фудбалскиот свет дека Франција ја освои титулата на Светското првенство во Русија.
Гризман има добри шанси да ја освои Златната топка, според прогнозите добри шанси има и Килијан Мбапе, а покрај нив двајца тука се уште Нголо Канте, Пол Погба, Рафаел Варан и Иго Љорис, односно Карим Бензема кој не е член шампионската генерација на Франција.
Во најтесниот круг на фаворити се Кристијано Рналдо и Лео Меси, играчи кои во последната деценија освоија по пет награди, како и Лука Модриќ кој веќе ја освои наградата за играч на годината во изборот на ФИФА.