Top Sport

(Видео) Јокиќ го стигна Меџик Џонсон, Денвер падна во ЛА

Кошаркарите на ЛА Клиперс забележаа победа во дуелот со Денвер 126:122. Натпреварот го обележаа Никола Јокиќ од едната и Џејмс Харден од другата страна.

Никола Јокиќ имаше уште едно феноменално издание, но неговиот трипл-дабл не беше доволен за Нагетс да го избегнат осмиот пораз сезонава.

Јокиќ постигна 28 поени (12/24 од поле, 2/7 за три, 2/4 од пенали), заедно со 14 скока и 11 асистенции, што беше негов осми трипл-дабл сезонава.

Центарот на Нагетс, го забележа 138-от трипл дабл во кариерата, со кој се израмни со Меџик Џонсон на вечната листа на НБА.

Сега пред српскиот кошаркар се Оскар Робертсон со 181 трипл-дабл и Расел Вестбрук кој моментално има 200.

Јокиќ стигна до својот 138. трипл-дабл во кариерата по 690 натпревари во НБА, додека на Меџик му беа потребни 190 повеќе. Мајкл Портер додаде 18 поени и седум скока, Џамал Мареј 18 поени и седум асистенции, а Џулијан Стротер 15 поени.

Клиперси ги предводеше Џејмс Харден со 39 поени, 11 асистенции и девет скока. Ги погоди сите 13 слободни фрлања и погоди три тројки во првото полувреме.

Во победата придонесоа Норман Пауел со 28 поени, Теренс Ман со 15, а Амир Кофи со 13 поени.

Scroll to Top