Лука Дончиќ, Виктор Вембањама и Кливленд Кавалирс, покрај Никола Јокиќ и Џејмс Харден ја обележаа ноќта во НБА лигата.
Лука Дончиќ пропушти пет натпревари поради повреда на зглобот. Се врати во тимот на Далас во Портланд и ги предводеше Маверикс до победата 137:131.
Словенецот постигна 36 поени, четири помалку од сезонскиот учинок, со 13 асистенции, седум скока и три украдени топки. Дончиќ изби на третото место на сите времиња по бројотна натпревари со најмалку 35 поени и 10 асистенции иако има само 25 години.
Словенецот голема помош имаше од Квентин Грајмс постигна 28 поени, а Спенсер Динвиди додаде 20.
Сан Антонио Спарс славеа со 127:125 во дуелот со Сакраменто Кингс. Виктор Вембањама го заврши мечот со трипл-дабл со 34 поени (17/11, 5/9 за тројки, 7/9 од пенали) со 14 скока и 11 асистенции. Францускиот кошаркар го поништи учинокот на петминатата двоцифрени во тимот на Сакраменто. Домантас Сабонис забележа 25 поени, 13 скока и седум асистенции.
Дербито го одиграа Кливленд и Бостон. Лидерот во НБА славеше над актуелниот првак со 115:111. Блескаше Донован Мичел со 35 поени, 30 од нив постигна во второто полувреме. 20 од 30 поени во вториот дел, Мичел постигна во последната четвртина. Кавалирс одиграа брилијантно во последниот период, го добија со 43:27.
Резултати
Бруклин – Орландо 92:100
Мемфис – Индијана 136:121
Њујорк – Њу Орлеанс 118:85
Торното – Мајами 119:116
Кливленд – Бостон 115:111
Хјустон – Оклахома 119:116
Јута – ЛА Лејкерс 104:105
Портланд – Далас 131:137
Сакраменто – Сан Антонио 125:127
ЛА Клиперс – Денвер 126:122