Top Sport

Синер се соочува со суспензија за Ролан Гарос и Вимблдон?

Светскиот тенисер број еден Јаник Синер може да биде суспендиран за Ролан Гарос и Вимблдон, па дури и ако Светската антидопинг агенција одреди пократка суспензија.

Италијанскиот тенисер уште во март беше позитивен на анаболичен стероид клостебол. Сеправдаше дека тој не е виновен туку неговиот физиотерапевт. Забранетата супстанца се наоѓала во маста која ја користел тој за малата рана што ја имал на раката.

„ВАДА верува дека наодот за „без вина или небрежност“ не е точен според важечките правила. ВАДА бара период на неподобност од една до две години. ВАДА не бара дисквалификација на резултатите, освен оние што се веќе изречени од првостепениот суд“, се вели во соопштението.

Она што во овој момент е добро за Синер е што сослушување нема да има до февруари, што значи дека Италијанецот ќе може да учествува на првиот Грен слем сезонава, Австралија опен, каде што ќе има можност да ја одбрани титулата.

Ако Синер добие суспензија, тоа би било голем удар за неговата кариера, но има шанси да добие пократка суспензија доколку биде сослушан од Судот за спортска арбитража во Лозана.

Scroll to Top