Естонија, Финска, Германија, Грција, Литванија, Холандија, Словенија и Шпанија поднесоа официјална понуда за организација на Европското првенство во кошарка во 2029 година, соопшти Светската кошаркарска федерација (ФИБА).
Четири од споменатите осум земји ќе ја добијат организацијата, а имињата на избраните земји ќе бидат објавени во мај 2025 година.
The host candidates for #EuroBasket 2029 have been announced! 🏆
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) December 4, 2024
„Фактот што добивме осум кандидатури сведочи за значајот што го има Европското првенство. Федерациите добро го прифатија форматот со повеќе земји домаќини, не само како двигател на огромен раст на самото натпреварување, туку и како двигател на развој на спортот во секој агол на континентот“, изјави извршниот директор на ФИБА Европа, Камил Новак.
Словенија во 2013 година беше последната земја која сама го организираше Европското првенство, а оттогаш почна трендот четири земји да го организираат Европското првенство така што секоја ќе биде домаќин на една од четирите групи со шест репрезентации, а потоа нокаут фазата се игра во една од четирите земји домаќини.
Европското првенство во 2025 година ќе се игра во Финска, Летонија, Полска и Кипар. Домаќин на нокаут фазата од осминафиналето ќе биде главниот град на Летонија, Рига.