Top Sport

Митревски ја спушти ролетната, Пелистер ја победи Висла

Foto/ EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја забележаа втората победа сезонава во Лигата на шампионите и го освоија шестиот бод. Македонскиот првак со оваа победа остана во трката за пласман во нокаут фазата. Вечерва во Битола, Пелистер ја победи Висла со 21.18. Натпреварот го обележа голема борба на теренот, лоши 17 минути во второто полувреме и брилијантниот Никола Митревски.

Голема борба Пелистер и Висла водеа во текот на целиот натпревар, во финишот на првиот дел зелените стекнаа два гола предност.

Еурофарм Пелистер одлично го отвори вториот дел, со три гола ја достигна највисоката предност (15:10). Потоа следуваше исклучително лош период на двата тима, Пелистер не постигна 12 минути, а во првите 17 минути од второто полувреме резултатото беше 3:1.

На крајот, реши брилијантната партија на Никола Митревски кој ги одби нападите на Висла. Мечот го заврши со 13 интервенции.

Пелистер има шест бода и се наоѓа на шестото место, Висла е зад него со четири.

Scroll to Top