Реал Мадрид го доживеа вториот пораз сезонава во Примера. Вечерва на „Сан Мамес“ во Билбао, Атлетик го победи Реал со 2:1. На поразот на Реал му кумуваа Килијан Мбапе кој промаши пенал во 68.минута, кога Алтеитко имаше водство 1:0 и Феде Валверде кој им го подари вториот гол на домаќините.
Атлетик Билбао цела деценија чекаше на победа против Реал на домашен терен. Тоа се случи вечерва, со што Баските потврдија дека се во добра форма, во сите натпреварувања на последните 10 натпревари имаат седум победи.
Атлетик до предност дојде во 53.минута, Ињаки Вилијамс нафрли, Куртоа лошо ја одби топката, точно на ногата на Беренгер, кој од половина метар ја испрати во голот.
Во 68.минута, Реал доби пенал, топката ја заеде Мбапе, а неговиот удар го одбрани Агирезабала. Ова е втор промашен пенал на Мбапе во низа, откако не погоди и против Ливерпул во Лигата на шампионите.
Белингем успеа да го израмни резултатот, англискиот репезентативец ја погоди мрежата на Атлетико десет минути откако Мбапе промаши од белата точка и тогаш се чинеше дека обезбеди барем реми за Реал Мадрид.
Но следуваше нов шок за Реал, кикс на Валверде и нова шлаканица за тимот на Карло Анчелоти. Уругваецот не виде дека има човек зад грбот кога враќаше една топка назад, акцијата ја следеше Гурузета кој лесно го совлада Куртоа.