Франшизите од Лос Анџелес, Лејкерс и Клиперс изминатата ноќ, претрпеа тешки порази во дуелите со Минесота и Мајами во најсилната лига на светот.
Лејкерси беа поразени со 134:93 на гостувањето кај Мајами, најтежок пораз оваа сезона. Конечните 41 поен разлика за домашните не беа најголемата разлика во текот на натпреварот. Пред самиот финиш Хит имаше и +43.
Избраниците на Ерик Споелстра и на овој меч постигнаа два рекорда, забележаа најмногу асистенции и најмногу тројки во историјата на франшизата.
Дури 42 асистенции поделија кошаркарите на домашната екипа, едно повеќе од претходниот рекорд, додека во исто време погодија 24 тројки.
Тајлер Хиро го предводеше нападот со 31 поен, од кои 21 постигна во третата четвртина, најдобриот стрелец на тимот, а Бем Адебајо забележа дабл-дабл со 14 поени и 10 скока.
Во поразениот тим убедливо најдобар беше Леброн Џејмс со 29 поени.
Дебакл, иако не толку лош како Лејкерс, доживеаја и Клиперс. Постигнаа само 80 поени и загубија од Минесота со 28 поени разлика (80:108).
Триумфот на Минесота можеше да биде и поубедлив бидејќи во еден момент водеа со огромни 41 поен разлика.
Џулиус Рендл ги предводеше „волците“ до третиот последователен триумф (по четири последователни порази) со 20 поени, од кои 16 постигна во првата четвртина. Рендл ги постигна сите свои поени, вклучително и пет тројки, во првото полувреме.
Го следеше Ентони Едвардс со 16 поени.
Боунс Хјаланд беше единствената светла точка во поразениот тим со 18 поени.
Џејмс Харден имаше катастрофална шутерска вечер – упати само еден удар од поле (1/10 вкупни, 1/6 за три), а мечот заврши со само пет поени.
НБА, натпревари:
Селтикс – Пистонс 130:120
Нетс – Пејсерс 99:90
Хит – Лејкерс 134:93
Сиксерс – Меџик 102:106
Бакс – Хокс 104:119
Клиперс – Тимбервулфс 80:108