Лука Банки повеќе не е тренер на Виртус. Според „Газета дело Спорт“, тој по тешкиот пораз од Алба во Евролигата на играчите им рекол дека си заминува од таа позиција.
Виртус, синоќа, по едно продолжение загуби од Алба 88:90. Утре во Болоња гостува Црвена звезда.
Она што се случуваше по натпреварот е кулминација на лошите односи во Виртус бидејќи Бјанки имал жесток конфликт со генералниот директор Паоло Рончи.
Веќе на почетокот на сезоната тој имаше недоразбирања со Вил Клајбурн и оттогаш се се искомплицира, а меѓу играчите наводно ја имал поддршката само од Марко Белинели.
Италијанските медиуми шпекулираат дека Бјанки на клупата ќе биде заменет од човекот на чие место дојде минатата сезона, Александар Ѓорѓевиќ. Поранешниот селектор на Србија го водеше тимот од Болоња од 2018 до 2021 година.
Единствена пречка е што 57-годишниот Ѓорѓевиќ сака повеќегодишен договор.
По поразот од Алба, Виртус остана сам на дното на табелата во Евролигата со само две победи и 11 порази.