Top Sport

Дончиќ ќе игра за Словенија на Европското првенство

Лука Дончиќ потврди дека ќе ја води Словенија на Евробаскетот во 2025 година.

„Со нетрпение очекувам да играм за мојата земја. Гордост е, радост е да играм за мојата земја секогаш кога можам. Затоа ќе го повторам тоа“, рече Дончиќ.

Дончиќ во кариерата нема пропуштено ниту еден репрезентативен турнир.

Играше за Словенија на Евробаскетот 2017, во квалификациите за Олимписки игри и на Олимписки игри во 2021, Евробаскетот 2022, Светското првенство 2023 и квалификациите за Олимписките игри во 2024 година.

Голема е веројатноста Дончиќ да игра и на Евробаскет 2029, со оглед на тоа што Словенија е еден од кандидатите за коорганизатор на турнирот.

Словенија беше домаќин на Европското првенство во 2013 година, а Дончиќ како 18-годишник ја предводеше репрезентацијата до титулата во 2017 година.

Евробаскетот во 2025 година ќе се игра од 27 август до 14 септември следната година, а домаќини ќе бидат Кипар, Финска, Полска и Летонија.

Дончиќ оваа сезона има просек од 28,7 поени со 8 скока и 7,9 асистенции за Далас Маверикс во НБА.

Scroll to Top