Фудбалерите на Атлетико Мадрид ја совладаа Севилја со резултат 4:3 (1:2) во последниот натпревар од неделната програма од 16. коло на шпанската Ла Лига.
Фантастичениот натпревар на стадионот „Метрополитано“ донесе, освен седум гола, и спектакуларен пресврт на Атлетико, кој пред своите гледачи губеше со 1:3, но за половина час целосно го сврте натпреварот и победи.
Огномет од голови најави Родриго де Пол во 10. минута, но Доди Лукебакио веќе во следниот напад им донесе израмнување на гостите од Андалузија.
Севилја не само што изедначи туку со голот на Исак Ромеро во 32. минута го презеде натпреварот во свои раце.
Кога Санчез во 57. минута зголеми на 1:3 на семафорот, се чинеше дека Атлетико ќе го запише првиот пораз сезонава на домашен терен.
Сепак…
Само пет минути подоцна Антоан Гризман ја намали негативата на „јорганџиите“, а натпреварот на почеток го врати Самуел Лино со прекрасен удар во 80. минута.
После тоа се беше отворено, Атлетико тргна на се или ништо и дојде до победата во 94. минута. Херој беше Антоан Гризман, кој по којзнае кој пат во кариерата ја покажа својата класа.
Атлетико се врати во шампионската трка, со 35 бода, еден помалку од Реал и три од Барселона, двата мадридски тима имаат натпревар помалку од Каталонците.
Севиља остана на 13. позиција со 19 освоени бодови.