Top Sport

Тренерот на Трабзон ќе го врати Барди во тимот

Трабзон во 15. коло од турското првенство одигра 2:2 со Касимпаша и со тоа ја продолжи лошата сезона. Откако минатата сезона ја завршија на третото место, зад шампионот Галатасарај и Фенербахче, во новата сезона се наоѓаат на 12.место со 16 бодови, 22 помалку од водечкиот Галатасарај.

„Фотоспор“, пишува дека тренерот на Трабзон, Шенол Ѓунеш, по мечот со Касимпаша „целосно полудел“ и одржал 26-минутен говор, во кој ја прогласил сезоната за загубена без разлика што можат да се борат за два трофеи во турскиот Суперкуп и Куп.

Турските медиуми тврдат дека Ѓунеш ќе се обиде да го разбуди тимот со враќање на четворица фудбалери, кои пред три недели ги исфрли од тимот, им наложи да тренираат одвоено за „да ја подобрат формата“.

Еден од тие четворица е и капитенот на македонската репрезентација Енис Барди. Барди сезонава настапи на осум натпревари за Трабзонспорт, одигра вкупно 377 минути.

Покрај Барди, тренерот Ѓунеш во тимот ќе ги врати Мислав Оршиќ и Умут Бозок.

Ваквата одлука на Ѓунеш не значи дека овие фудбалери ќе останат во Трабзон, мжно е да бидат продадени во јануарскиот преоден рок.

Scroll to Top