Приказната која ја “тресеше“ Премиер лигата во претходните недели доби епилог. Во понеделникот и официјално беше потврдено дека судијата Дејвид Кут, кој се најде во центарот на вниманието поради вулгарните зборови упатени кон тогашниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, е отпуштен.
Во ноември се појави видео на кое се слушаат навредите на Кут кон германскиот тренер.
„Дејвид Кут има право на жалба на одлуката за престанок на работниот однос“, стои во официјалното соопштение на правосудниот орган на ПГМОЛ.
Се наведува дека судијата Кут „сериозно ги прекршил одредбите од неговиот договор и е оценето дека неговата позиција е неодржлива“.
Кут тврдеше дека видео материјалот е монтиран со помош на вештачка интелигенција. По контроверзното видео кое стана вирално на социјалните мрежи, набрзо почнаа да се појавуваат и други инкриминирачки информации за 42-годишниот судија од Нотингем.
Медиумите на Островот добија видео долго осум секунди споделено на „WhatsApp“, на кое наводно се гледа како Кут шмрка кокаин за време на овогодинешното Европско првенство во Германија.
Што рече судијата Кут?
„Боже… Германска пи.каЕбати Германија“
Тоа беше само еден во низата вулгарни коментари со кои судијата ги „почести“ Ливерпул и Клоп.