„Трансфермаркт“, пишува дека Дани Олмо (26) би можел да ја напушти Барселона без отштета шест месеци по пристигнувањето во клубот. „АС“, тврди дека фудбалерот е во опасност да не биде пријавен до крајот на сезоната во Ла Лига.
Имено, поранешниот фудбалер на Лајпциг беше пријавен само за воведниот дел од сезоната, откако Барселона го искористи правилото според кое поради повреда фудбалер, клубот може да регистрира друг фудбалер на неговото место.
Истовремено, клубот мораше да искористи 80 отсто од сумата одредена за платите на повредените Роналд Араухо и Андреас Кристенсен. Со оглед на тоа што ист играч не може да биде пријавен двапати во ист клуб во сезоната, на Олмо, ноина Пау Виктор им се заканува неиграње во вториот дел од сезоната поради правилата во Ла Лига.
Минатото лето Олмо пристигна во Барселона од Лајпциг во трансфер вреден 55 милиони евра, кој зголемен за бонуси ќе ја пробие границата од 60 милиони.
Во моментот на недостапност на Араухо и Кристенсен, клубот го направи потегот што му требаше, но сега треба да собере пари за да може Олмо и Виктор да играат во вториот дел од сезоната.
Шпанските медиуми пишуваа дека на Барселона ќе и бидат потребни 50 мил евра со цел да ја продолжи регистрацијата и по 31 декември. Неодамна каталонски „Спорт“ тврдеше дека клубот е во преговори за „продажба на ВИП места на стадионот во следните 20 години, што во касата веднаш би донело 200 милиони евра“. Се уште ништо не е реализирано и Барселона сега е во паника.
Според информациите од Шпанија, Олмо не е сереќен и некои медиуми пишуваат дека повеќе не може да ја поднесе драматичната ситуација во клубот. По доаѓањето од Германија управата му вети дека се ќе биде во ред и дека нема да има проблеми со регистрацијата, но сега Барселона се соочува со најлошото сценарио.
Олмо стави клаузула во договорот која му гарантира раскин на договорот доколку има проблем со регистрацијата. Олмо не можеше да ги одигра првите две кола од Ла Лига бидејќи не беше пријавен. За Барселона досега има одиграно 12 натпревари, постигна шест гола.