Top Sport

Шведското обвинителство го ослободи Мбапе од обвиненијата за силување

Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе полесно дише од четвртокот бидејќи шведското обвинителство процени дека нема доволно докази за да го обвини 25-годишниот Французин за наводното силување во Стокхолм.

„Идентификувано е лицето осомничено за силување и два случаи на сексуална злоупотреба. Но, доказите се недоволни за продолжување на постапката, па случајот е затворен. Посоченото лице не е осомничено за никакво кривично дело“, изјави обвинителката Марина Чиракова, која го водеше случајот, но не го спомна името на познатиот напаѓач.

Мбапе беше забележан во шведската престолнина пред два месеци кога ги пропушти натпреварите на француската репрезентација.

Набргу потоа следуваа обвинувања за гореспоменатите злосторства, а Мбапе од самиот почеток негираше дека е виновен, наведувајќи дека мирно ја чека пресудата иако бил изненаден кога прочитал во медиумите за што се сомничи.

Scroll to Top