Top Sport

Заврши годината за Мората и Лофтус-Чик

Кристијан Пулишиќ се повреди пред седум дена, а во средата навечер против Црвена звезда, Милан остана без уште двајца важни играчи.

Во дуелот од шестото коло во Лигата на шампионите, во кој Милан се мачеше да го совлада српскиот шампион со 2:1, тренерот Пауло Фонсека уште во првото полувреме остана без Алваро Мората и Рубен Лофтус-Чик.

Според италијанските медиуми Мората и Лофтус-Чик нема да играат до крајот на годината, со напомена дека постојат мали шанси капитенот на шпанската репрезентација да биде во протоколот за натпреварот против Рома на 29.декември.

Лофтус-Чик можеби ги одигра последните минути во дресот на „росонерите“ на мечот против Црвена звезда, бидејќи се шпекулира дека во јануари би можел да замине во Саудиска Арабија.

Милан до крајот на годината ќе одигра уште три натпревари во Серија А, а пред споменатиот меч против Рома за два дена ќе гостува во Џенова, а потоа на 20 декември патува во Верона.

Scroll to Top