Лионел Меси пред нешто повеќе од три години ја напушти Барселона како слободен играч, но тој засекогаш ќе биде поврзуван со клубот од „Ноу Камп“. За многумина, најдобриот играч на сите времиња пристигна во Барса во 2000 година, дебитираше во 2004 година, за клубот одигра 778 натпревари, постигна 672 гола и забележа 303 асистенции. Рекордерот во многу категории е и рекордер на клубот со 34 освоени трофеи.
По две години во Пари Сен Жермен и една во Интер Мајами, Меси сè уште добива многу прашања за Барселона во интервјуата.
Во едно од интервјута, неодамна тој зборуваше за иднината на клубот.
„Би сакал Барселона повторно да ја освои Ла Лига, Купот на кралот и Лигата на шампионите. Во годините кога тоа не е можно, би сакал барем до крај да се борат“, рече Меси, а потоа го коментираше сегашниот состав и издвои еден фудбалер.
„Барселона има многу добра генерација на млади играчи. Пред нив се години заеднички натпревари. Многумина го истакнуваат Ламин Јамал, тоа и јас ќе го направам. Се разбира, многу зависи од него, но би рекол дека тој е сегашност и убава иднина на клубот“.
Јамал (17) минатата година стана професионалец, минатото лето стана европски првак со Шпанија и шпански првак со Барселона. За клубот одигра 71 натпревар, постигна 13 гола и забележа 21 асистенција.