Top Sport

Македонија мундијалските квалификации ќе ги започне во Лихтенштајн, ќе ги заврши во Велс

Фудбалската репрезентација на Македонија вчера ги дозна противниците во квалификациите за пласман на СП во 2026 година. Македонија ќе се обиде да стигне до Мундијалот преку Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн.

Квалификацискиот циклус Македонија ќе го отвори на 22.март наредната година со гостувањето во Лихтенштајн. Три дена подоцна во Скопје ќе гостува селекцијата на Велс.

На 6.јуни, фаворитот во групата, Белгија ќе гостува во Скопје, а три дена подоцна македонската селекција ја чека долг пат до Казахстан.

Во септември Македонија ќе го пречека Лихтенштајн, а во октомври на 10. и 13., националниот тим ќе гостува во Белгија и ќе го пречека Казахстан.

Квалификациите, Македонија ќе ги заврши на 18.ноември во Велс.

Scroll to Top