Top Sport

„Сан“: Родри чудесно закрепнува, ќе се врати во текот на сезоната

Манчестер сити и шпанската репрезентација дознаа ужасни вести на 23 септември. Во дербито против Арсенал, Родри, клучниот играч на Сити и Шпанија, ги скина вкрстените лигаменти на десното колено.

Една недела подоцна беше опериран, со прогноза дека ќе се врати во финишот на сезоната. Подцна Родри го доби најголемото признание во кариерата, ја освои престижната „Златна топка“.

Кога ја примаше наградата неговата нога беше во таква состојба, што мораше со помош на Дидие Дрогба да се искачи на сцената.

Но, два и пол месеци по операцијата пристигнуваат неверојатни вести. „Сан“ објави дека Родри трча и би можел да се врати на теренот уште оваа сезона.

„Добитникот на „Златната топка“ е веќе неколку месеци пред предвиденото во однос на рехабилитацијата“, додава истиот извор.

Една недела пред тешката повреда, Родри го критикуваше зголемувањето на бројот на натпревари во сезоната. Истакна дека тоа остава последици врз здравјето на играчите, но и врз квалитетот на играта. Родри минатата сезона одигра 50 натпревари за клубот и осум за репрезентацијата, со која ја освои титулата европски шампион.

Играше за Виљареал и Атлетико Мадрид пред Сити да го донесе во 2019 година за 70 милиони евра.

Освои 13 клупски трофеи и стана еден од најдобрите светски играчи.

Scroll to Top