Top Sport

(Видео) Спектакуларен пресврт во режија на Диало – Јунајтед го победи Сити

Фудбалерите на Манчестер јунајтед го совладаа Манчестер сити (2:1) во дербито на Манчестер, во 16. коло од Премиер лигата.

Херој на „црвените ѓаволи“ беше Амад Диало, кој најпрвин избори пенал ви финишот, неколку минути подоцна донесе пресврт за својот тим.

Сити долго време водеше, со голот на Јошко Гвардиол во 36. минута. Бруно Фернандеш реализираше пенал во 88. минута, а во 90. минута Диало погоди за победа на Јунајтед.

Еден од трагичарите на „граѓаните“ беше Матеуш Нунеш, кој на крајот од мечот најпрвин погреши при додавањето, а потоа направи пенал.

Рубен Аморим во пресрет на натпреварот ги изненади сите со одлуката да ги остави надвор од протоколот Маркус Рашфорд и Алехандро Гарначо.

И покрај тоа што натпреварот се отвори во високо темпо, со многу дуели, немаше многу шанси. Мејсон Маунт мораше да ја напушти играта поради повреда во 13. минута.

Релативната монотонија во првото полувреме ја разби Јошко Гвардиол, кој погоди со глава во 36. минута од натпреварот.

.Во вториот дел првиот удар кон голот на Сити го упати Диало во 62. минута, со глава, но Едерсон одлично интервенираше.

Десетина минути подоцна, Бруно Фернандеш не успеа да го совлада Едерсон,топката заврши крај стативата.

И кога се чинеше дека Сити има целосна контрола и дека ќе го задржи водството, Јунајтед стигна до пресврт во рок од три минути.

Најпрвин сигурен пенал на Бруно Фернандеш, а потоа мајсторија на Амаду Диало, кој го искористи додавањето на Лисандро Мартинез и му донесе три бода на Јунајтед во 90. минута.

Манчестер сити ја продолжи лошата серија, има само една победа на последните 11 натпревари. Рубен Аморим втор пат во краток период излезе како победник во дуелот со Пеп Гвардиола, откако претходно како тренер на Спортинг ги победи „граѓаните“ во Лигата на шампионите.

Јунајтед сега е 12-ти на табелата со 22 бода, додека Сити е петти со пет бода повеќе.

Scroll to Top