Top Sport

(Видео) Шест гола, па пенал-драма – Селтик го освои Лига купот

Селтик го победи вечниот ривал Ренџерс во спектакуларното финале на шкотскиот Лига куп. Натпреварот во 90 минути заврши 3:3, а Селтик ја доби пенал серијата со 5:4.

Резултатото во финалето го отвори напаѓачот на Ренџерс, Бајрами во 41. минута. Второто полувреме донесе огномет од голови.

Селтик за четири минути направи пресврт со головите на Тејлор и Маеда, но Диоманде во 75. минута успеа да израмни на 2:2.

Зелено-белите повторно поведоа во 87. минута со голот на Кун, но веќе во следниот напад Данило погоди за сензационални 3:3. Во продолженијата никој не ризикуваше, играчите ги чекаа пеналите.

Во пенал серијата сите пет изведувачи на Селтик погодија, кај Ренџерс трагичарот е Ридван Јилмаз, неговиот удар во четвртата серија го одбрани херојит на Слетик, Каспер Шмајхел.

Селтик го освои 22. Лига куп, вкупно ова е 119. трофеј во клупската историја (Ренџерс имаат еден помалку), со што Селтикс стана вториот најтрофеен клуб во светот. Зад неприкосновениот Ал Ахли од Каиро со 123 трофеи.

По 86 години Слетик успеа да го мине големиот ривал Ренџерс, според бројот на освоени трофеи.

Scroll to Top