Top Sport

Олимписката шампионка Загитова направила 544 сообраќајни прекршоци и се уште има возачка дозвола

Алина Загитова, репрезентативка на Русија во уметничко лизгање, Олимписка шампионка од 2018 година, направила неверојатни 544 сообраќајни прекршоци.

Возачката дозвола ја добила пред пет години и оттогаш само за казни платила 4.500 евра, а се уште доаѓаат нови.

Русинката е казнета 401 пат поради пребрзо возење, 65 пати ги игнорирала сообраќајните знаци, а добила и 18 казни за непрописно паркирање и 14 казни за непрописни свртувања и возење по „жолта“ лента.

Пет пати била фатена како поминува на црвено светло. Годинава и се изречени 197 казни, но и тоа не е доволно да и се одземе возачката дозвола во Русија.

Загитова дури и јавно се фали со своите прекршоци, честопати снимајќи се како со својот „Мерцедес“, поминува на црвено светло.

Scroll to Top